Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ, Аце Коцевски на прес најави некои од проектите за подобрување на услугите на граѓаните.
Градскиот пазар е во многу лоша состојба. Нужни се итни подобрувања. Во транспарентна постапка, ќе се избере инвеститор кој на местото на пазарот, по пат на јавно приватно партнерство ќе изгради трговско – деловен центар во кој ќе има паркинг простор и современ покриен градски пазар. Сакам да додадам дека за жал локалната власт во минатите четири години не успеа да ја доврши постапката за донесување на ДУП за Градскиот пазар, а не да изгради нов пазар, рече Коцевски.
Останатите проекти се, изградба на зелен пазар во населба Тунел, Сервис за услуга на граѓаните, отворање Туристичко информативно биро, забрзана урбанизација на просторот, изградба на Дом на културата во село Горно Оризари до Зелен пазар, заштита од загадување на свињарските фарми, енергетска ефикасност на уличното осветлување…
Коцевски најави и изведба на термоизолациони фасади, реконструкција на топловодни системи во основните и средни училишта и градинките, изградба на Трговско деловен центар „Градски саат“, Велес – општина без азбест цементни водоводни мрежи и без азбест цементни кровни покривачи на јавните објекти.