Коцевски најави 13 проекти за подобро живеење во Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од „Сојузот на иднината“, Аце Коцевски денеска на прес – конференција презентираше 13 проекти за подобрување на условите за живеење на граѓаните.

Коцевски најави изградба на домови за семејствата кои ги изгубија односно што беа срушени од свлечиштето „Рамина“, потоа дислокација на гаражите на ЈКП „Дервен“ во населба Тунел и подготвка на теренот за изградба на училишта и дом за стари лица, обезбедување на стари и изнемоштени лица во домашни услови, како и финансиска помош на сиромашните семејства за плаќање на сметките за вода.

Спомена и проект за проширување и осовременување на јавниот градски и приградски превоз на патници, поевтин превоз за ученици, студенти, корисници на социјална помош за стечајни и работници прогласени за технолошки вишок, отворање Дневен центар за лица изложени на семејно насилство, изградба на пристапни патеки до сите јавни установи за лицата со посебни потреби,отварање на дневен центар за лицата заболени од церебрална парализа без разлика на возраста, изградба на препумна станица за водоснабдување на високите зони, партерно уредување, поплочување, оззеленување и опремување со урбана опрема на површини пред колективните згради станбени згради.

На прес – конференцијата Коцевски информира дека на вечерашниот митинг на „Сојузот на иднината“, предводен од СДСМ во Велес, ќе ги изложи своите планови за Велес, а ќе бидат претставени и кандидатите за членови на советот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија