Коцевски, Мухиќ и Дудуш ќе сведочат за крвавиот четврток

Од:

Сашо Коцевски, Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа денеска во кривичниот суд ќе сведочат за тоа што виделе на крвавиот четврток 2017 година. Сведоците се на предлог на Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и коурпција. Обвинителството предложи 36 сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок. На следното рочиште на 21 септември ќе треба да сведочи Агим Нухиу.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“ Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР, Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски Ќосето, Александар Василевски-Нинџа, Митре Питроповски…

Судијката Добрила Кацарска која го суди предметот закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски