Коцевски ги презентираше проектите наменети за младите во Велес

Од:

Кандидатот за градоначалник на Велес од коалицијата „Сојуз за иднината“, Аце Коцевски ги презентираше проектите во програмата кои се наменети за младите.

Најави отворање на младински информативен центар и на младински кариерен центар, основање на локален младински совет, поддршка за креирање на младински веб портал, како и изградба на летна дискотека и отворено кино.

– Поразителен е фактот што најголем дел од младите во потрага по егзистенција се подготвени да го напуштат градот, доколку за тоа им се укаже прилика. Затоа во следниот период треба да работиме чесно и одговорно и да направиме Велес да стане перспективна општина, рече Коцевски.

Најави и тениски терени, лизгалиште, патека за кајак на диви води и обновен скејт парк и други содржини наменети за младите.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември