Пред штипјани вечерва се обрати кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“, Здравко Коцев.
Девет месеци, рече, се борите со темнината и злото. Праша дали има дојдени на митингот со присила или со автобуси.
„Народот веќе не верува на приказните. На народот не можеш да му продадеш-ќе направиме. Вчера се имаше само штипјани немаше. А главна ѕвезда беше Амди Бајрам. ВМРО-ДПМНЕ, за жалење сте“, рече Коцев.
Вети гасификација, катна гаража, асфалтирање на улиците, пензионерски дом, нови работни места.