Коцев: Штип не е на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Довербата што ми ја укажаа моите сопартијци нема да ја изневерам и ќе направам се што е во моја моќ да го воздигнеме Штип и да го претвориме во една урбана и модерна општина“, изјави Здравко Коцев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Штип.

Штип, рече, не може да стане урбана и модерна општина ако има болница која се распаѓа, ако нема никаква надеж за развој на индустриската зона и ако нема ни трага, ни глас од инвеститори.

„Иако оваа Влада е позната по поставување фасади и шминкање на градови, воопшто не обрна внимание на штипските тротоари и улици“, рече Коцев.

Вети изградба на мост на реката Брегалница кој ќе го поврзат Сењак со индустриската зона,ќе ги намалат трошоците на граѓаните со тоа што ќе го гасифицираат Штип, ќе изградат и регионална депонија „Трештена скала“ која ќе служи за рециклирање на сметот и ќе ги реконструираат улиците и тротоарите во Штип.

Ги повика штипјани на утрешниот митинг на кој ќе се покаже дека Штип не е на ВМРО-ДПМНЕ, дека Штип, како што изјави, не е и нема да биде заложник на фамилијата и дека Штип нема да биде управуван од овој режим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски