Коцев им вети на штипјани дека ќе им ги реши сите проблеми

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Штип од редовите на Коалицијата „Сојуз за иднината“ предоводена од СДСМ, Здравко Коцев на средбите со граѓаните на урбаната заедница Пребег рече дека знае да се носи со предизвиците и вети дека ќе им ги реши сите проблеми на штипјани.

Оваа населба е релативно нова и треба само да се доуреди, но за жал во изминатиот период не е ништо направено. Имаме идеи и не застануваме. За нивното реализирање ги знаеме начините и патот, а за тоа гаранција се квалитетниот градоначалник, но и квалитетната советничка листа, рече Коцев.

Порача дека граѓаните треба сериозно да размислат за кого ќе гласаат на 24 март.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија