Коцев: Абе вмро-вчиња кого лажете и замaјувате?

Од:

„Јас ја барам вашата подршката со чист образ. За разлика од актуелниот градоначалник не давам празни ветувања. Ќе изградам мост на реката Брегалница, ќе го гасифицираме Штип, депонијата ќе прерасне во регионална“, вети на митингот во Штип, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Здравко Коцев

Ќе отвориме, рече, зоолошка градина, Штип заслужува реконструирани улици и тротоари.

„Целата власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, 6 години на централно и 4 на локално ниво. Освен универзитетот ништо не направија, болницата се распаѓа, индустриската зона е празна, царува корупција и непотизам. Штип е заложник на фамилијата.Се што вети Зоранчо Алексов излажа, реше Коцев пред штипјани.

„Абе вмро-вчиња кого лажете и замајувате. Можеби народот е уплашен, но памети се што вети вашиот градоначалник.Само фалби за ненакви проекти, а ништо не е направено.Лажи , суши, неговата најголема инвестиција се двете дрвени мовчиња на Отиња, но и нив ги срушија“, им порача на противкандидатите Здравко Коцев.

Ајде сите заедно да покажеме дека Штип е на штипјани а не на ВМРО-ДПМНЕ, рече Коцев.

Протестниот митинг на СДСМ во Штип, се одржува под мотото „Крени глас за иднината“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“