Коце, врати ни ги улиците!

Од:

Во име на најавеното дефиле по скопските улици, во рамки на „Неделата на мобилност“, на кое учесник со велосипед ќе биде и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Граѓанската иницијатива „Коце врати ни ги улиците“ апелира неговото присуство да го искористите за оддавање почит кон последната жртва на скопските улици, 13-годишниот Давид Анѓеловски.

– Поточно, дефилето да биде посветено токму на Давид, кој на булевар Илинден, пред три дена, загина од несовесен возач, во улога на велосипедист-учесник во сообраќајот. И така некако да испратите порака до несовесните возачи дека ним не им припаѓаат улиците, туку на оние граѓани кои се во подредена положба и користат алтернативни средства во сообраќајот. И со тоа придонесуваат за помалку загаден град и метеж.

Само така ќе признаете дека потфрливте како градоначалник, што е доблестно, но не Ве амнестира од одговорност.

Поинаку, вашето фотографирање во медиуми, без акцент на црната статистика на загинати и повредени пешаци и велосипедисти, што веќе е загрижувачки биланс во главниот град, ќе биде протолкувано од наша страна како лицемерно, нечовечно и бездушно саморекламирање, без никаква доза на самокритичност дека од Скопје не правите европски град, напротив само бетонски и мртов град, во кој на Вашите проширени улици дивеат убијци и дивјаци.

Навистина, свесни ли сте?

Вие, како градоначалник сте должен на скопјани да им гарантирате безбеден град, но тоа не го правите, немате дури ни елементарна визија како треба да изгледа безбеден град. По улиците, кои во ваш мандат ги присвоија моторџии, гневни возачи на брзината и непочитувањето на човечкиот живот, има многу повеќе крв, одошто има во поголеми европски градови, со поголема популација.

Немате велосипедски патетеки, пешачки, патеки за ролери, немате трамвајски алтернативен превоз за намалување на бројот на автомобили. Имате само ветувања и само ветувања. И импровизирани патеки и исто таков велоипедизам и пешачко движење. Само Господ ги чува пешаците и велосипедистите во овој град.

Немате досега ниеден јавен настап во кој ќе изразите загриженост за она што се случува на улиците, што делува исто така загрижувачки.

Кои сме ние како граѓанска иницијатива? Ние сме граѓани- љубители на велосипедизмот, пешаци, скејтери, ролерџии,бирократи, студенти, ученици, мајки со деца, пензионери, работници, малолетни деца,сите оние кои се противат на град во кој лесно се завршува под тркалаа на автомобилите.

Нашето мото е „Нула толеранција за убијците во сообраќајот“. Ние сме гласот на жртвите, кои веќе не може да зборуваат. И немаат никаква можност да кажат како и под кои околости загинаа.

Имаме право на подобар град за живеење, за сите нас, имаме право да пречиме нови жртви.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, здруженија, да ни се придружат.

Без разлика на Вашата одлука по повод дефилето, ние, како граѓанска иницијатива, наскоро најавуваме протести за подобри услови за живот и побезбеден град во иднина, пишува „Граѓанска иницијатива „Коце, врати ни ги улиците“.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот