Коце Трајановски во Брисел на потпишување на Повелбата на градоначалниците од Европа за намалување на штетните гасови

Од:

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски, денеска во Европскиот парламент Брисел учествуваше на потпишувањето на Повелба на градоначалниците на градовите и општините ширум Европа за одржлива енергетска ефикасност, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Заедно со уште 600 други градоначалници, поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер (почесен претседател на органзиацијата ”Региони за климатска акција”) и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, Трајановски ја потпиша повелбата со која сите се обврзаа дека до 2020 година ќе работат на намалување на емисијата на штетни гасови во светот за 20 проценти.

– Денеска ја потпишавме оваа повелба со која првите луѓе на градовите ширум Европа се обврзуваат дека до 2020 година ќе ја намалат емисијата на јаглерод-диоксид за 20 проценти во воздухот. Ова е добра можност и за спријателување со многу градови, да размениме искуства, со оглед на тоа што има 600 мои колеги од цела Европа. Ваквите состаноци се значајни за да видиме до каде сме ние како држава и што треба да сториме и со кого да соработуваме. Во рамки на Мрежата на градови каде сме ние, Подгорица, Сараево, Загреб, Тирана и Фрајбург, исто така се договоривме во следните седум години да ја намалиме емисијата на гасови за два милиони тони што ќе биде голем успех ако го оствариме – истакна градоначалникот Трајановски за МИА.

Според првиот човек на македонскиот главен град, Скопје е лидер во Република Македонија и сите планови се насочени кон тоа да се овозможи што повеќе да се намали емисијата на штетните гасови.

– Ова може да значи многу за локалната самоуправа во Република Македонија. Нашите градови и општини се приклучуваат на иницијативата на ЕУ за намалување на гасовите во природата и поголема енергетска ефикасност. Тоа го прават Владите, регионите, но треба да го прават и општините и градовите. Врз основа на таа повелба и Мрежата на градови, Град Скопје веќе отвори инфо-центар за енергетска ефикасност каде граѓаните, компаниите и сите заинтересирани може да доаѓаат и да се информираат како може да прават енергетско-ефикасни објекти. А, направивме и акциски план за енергетска ефикасност – додава градскиот татко на Скопје.

Според Трајановски, Град Скопје веќе работи во насока на исполнување на овие барања, па досега се заменети уличните осветлувања од жива во натриумови и се работи на менување на погонското гориво во неколку училишта, додека се прави план за во сите училишта во градот да се воведе загревање на гас со што за година ипол ќе се вратиме целата инвестиција. Тој додава и дека за Скопје е значајно што се набавени нови автобуси со што е обновен целокупниот возен парк со што се придонесе градот, благодарение на Владата, да има помала емисија на јаглерод-диоксид во воздухот.

– Со проширувањето на булеварите и засадувањето на голем број зеленила, Град Скопје практично го зголеми и формирањето на зелени бранови, ја зголеми проточноста на возилата по сообраќајниците во градот со што значително влијае на намалувањето на емисиите на јаглерод-диоксид во воздухот. Идниот месец ќе ја започнеме првата фаза од проектот наречен “Центар за управување и контрола на сообраќај“ кој треба да биде комплетиран до крајот на годината, со што најголемиот дел оптеретени крстосници ќе бидат управувани од еден мониторинг центар и ќе има адаптивна контрола на секој од семафорите, бројачи на автомобилите кои во зависност од бројот на возила од одреден смер, адаптивно ќе се продолжува зеленото време со што ќе се намали емисијата на јаглерод-диоксид во воздухот – потенцира градоначалникот на Скопје.

Во рамки на неделата на енергетската ефикасност во Бризел, утре во Европскиoт парламент, во организација на Германската институција за меѓународна соработка (ГИЗ) ќе се одржи работнилница за презентација на Мрежата на енергетска ефикасност на главните градови на јужно-западна Европа во рамки.

На овој настан ќе присуствуваат градоначалници на Тирана, Скопје, Сараево, Подгорица, Загреб и градоначалникот на Фрајбург.

Би можело да ве интересира

Од утре до понеделник посебен режим на сообраќајот во Скопје

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Од петок вечер 2/3 од Скопје без вода, Меџити најави интервенција од Владата ако има потреба

Почината жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Горан Наумовски

Скопјанец ја истепал неговите мајка и баба

Четири камиони се опожарени на паркингот на „Атлантис“ во Скопје