Коалицијата за Промени и правда – Трет блок: Стартува од Скопје

Од:
„Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА –ТРЕТ БЛОК (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО –РП), под слоганот „ Не се плашете, режимот ќе падне “ ќе ја започне изборната кампања од Скопје.
Изборната програмата „Промени, правда и прогрес“, ќе ја презентираат лидерите и носителите на кандидатските листи за пратеници од Коалицијата за Промени и правда:
Павле Трајанов, носител на првата изборна единица и претседател на Демократски сојуз.
Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица и претседател на Фродем.
Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица.
Слободан Богоевски, носител на четвртата изборна единица.
Александар Делов, носител на петтата изборна единица.
Бранко Мајсторовски, носител на шестата изборна единица.
Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС.
Горан Зафировски, претседател на МОРО-РП.
Кампањата ќе се стартува на 21.11.2016 година (понеделник), во хотел Континентал, Скопје,  со почеток во 17:00 часот“, соопштуваат од Коалицијата за Промени и правда.

 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември