Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите и ќе делува како еден политички субјект

Од:

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди. Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.

-Претседателството на Влен е првиот заеднички орган на Влен. Од сега натаму Влен најавува мораторум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и од сега натаму се ќе биде под името и логото на Влен. На следните средби Влен ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите, локалните и централниот изборен штаб, истакна Касами.

Тој напомена и дека парламентарната група на Влен ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.

Првата средба на претседателството на Влен се одржа во просториите на „Алтернатива“ во Скопје и на неа, покрај Касами, присуствуваа и Изет Меџити од Демократско движење, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување Беким Ќоку.

Пред средбата Меџити уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат, дополни, подготовките за локалните избори во октомври на кои Вреди, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Сулејмани: ВРЕДИ изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција