Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Режимот ќе падне

Од:

Со слоганот “Не се плашете, режимот ќе падне!” Коалиција за промени и правда-ТРЕТ БЛОК предводена од Демократскиот сојуз, од Скопје ја стартуваше изборната кампања. Најавија демонтажа на режимот и на криминалот.

Според лидерот на ДС- Павле Трајанов и носител на листата во ИЕ 1 , партијата и нивните кадри, на дела го покажале патриотизмот уште во 90-тите години кога ги удриле темелите на државата. Од говорницата Трајанов “му објави војна на криминалот”

“Тогаш, ја испративме ЈНА од Македонија без зрно барут, ги преземавме границите и обезбедивме ефективна власт над целата територија. Тоа се дела!Пред две години најавивме дека мора да има одговорност за раководството на ВМРО – ДПМНЕ, кое државата ја урниса и го ограби народот , а најмладите, најспособните, ги принуди да заминат во странство. Ќе се справиме со мафијата!Им порачувам, ако и натаму ги држи “желбата” и алчноста за пари, имам решение за нив: Ќе им отвориме бизнис центар во Идризово, таму ќе ги собереме сите нив, каде ќе можат следните дваесет години да “заработат” и да бидат пример за сите функционери ако го крадат народот каде ќе завршат”, изјави Трајанов.

Тој пред граѓаните ги презентираше итните економски мерки за стабилизација на економијата, спречување на иселувањето и намалување на сиромаштијата.

“Наместо манипулации со некакви 5% наводно вонредно зголемување на пензиите, кое во суштина е усогласување со растот на платите, ние обезбедуваме најниска пензија од 200 евра.

Носителот на листата во ИЕ 4, Слободан Богоевски, изјави дека после првите демократски избори во Македонија во 1990 година, на сите други избори народот гласал од очај, казнувајќи ја едната или другата власт, за злоделата што ги правеше. Народот немал избор, освен да ги казнува. На власт се менуваа две партии кои го затвориле кругот на македонската несреќа.

“На 11ти декември 2016 година, народот ќе има можност за прв пат по 1990 година да гласа за народни пратеници, а не за поданици. Пратеничката листа на Коалицијата за промени и правда е од слободни луѓе од сите социјални слоеви, национална и верска припадност. Листата е израз на нашата програма и целите кон кои се стремиме. Листата на режимот е список на поданици кои фамилијата на власт ја составила од менични должници, кои си ја продале слободата и честа, а лојалноста ја гарантираат со меници.”-додаде Богоевски.

Лидерот на ФРОДЕМ и носител на коалициската листа во ИЕ 2, Јове Кекеновски, изјави дека тие имаат јасни заложби и визија, кои не им се допаднале ниту на оние од ДПМНЕ и од СДСМ, па за чудо како што посочи Кекеновски, и на онаа инстант коалиција од ретуширани политичари ,,Однесени од виорот” кои сметале дека само тие имаат исклучиво право да дејствуваат како десница.

“Ние за разлика од останатите, Ви нудиме едуцирани, стручни и пред се чесни кандидати за пратеници. Значи не ви понудивме кандидати за пратеници на кои функцијата пратеник им е потребна за да после го дозавршуваат факултетот ,како на пример онаа не сам знајала, или пак од позиција на министер ќе магистрираат или докторираат – како онаа бивша министерка вплеткана во сите афери за да на крај да стане и таа жртва на своите во аферата со прислушкувањето на скоро 6000 личности. Од оваа афера како и од најголемиот во историјата македонски барон Минхаузен се згнасија сите, па дури и канцеларката Меркел “, рече Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он