„Не е нормално 6 пати аболициран поранешен премиер, за тежок криминал, со стотици милиони евра да биде носител на изборна единица, да се надева на победа за повторно да биде премиер. Се надеваат и ВМРО – ДПМНЕ, но и СДСМ дека, со лажни и наменски проектирани анкети ќе ги расколебаат граѓаните да гласаат за коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократскиот сојуз.
Анкетата ќе ја испишат граѓаните на 11-ти Декември, кога на тајно гласање ќе гласаат за промени и правда, нагласи Павле Трајанов, носител на првата изборна единица на Коалицијата за Промени и Правда на митингот во Драчево.
Ние сме, гарант за стабилност, сплотеност и единство, затоа што ќе обезбедиме законите да важат за сите подеднакво. Тие што го ограбија народот и ги принудија младите да ја напуштат родната земја мора да ги поразиме и да отвориме перспективи за сите.
Бизнис услови, за домашните компании, кои ќе градат фабрики и нови производствени капацитети и поддршка на земјоделците.
Предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите.
Најниската плата од 300 евра, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе биде основа работодавците од странство, многу повеќе да го ценат трудот на работниците .
Со „ВОЈНА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ“, и робусни антикорупциски мерки, ќе спречиме и натаму да грабат од народот и ќе има пари за минимална пензија од 200 евра и социјална помош од најмалку 100 евра.
Објавуваме “војна” против криминалот и доследна имплементација на проектот ДЕКРИ.
Украдените пари ќе ги вратиме на народот, криминалците ќе ги пратиме во ” Бизнис центарот” во Идризово и ќе има забрана од најмалку 10 години да не можат да бидат функционери.
Од колачот треба да има пред се за тие што работат, произведуваат, ја чуваат границата или го одржуваат редот, не лечат или ги образуваат децата.
Скопјани и сите граѓани се чувствуваат несигурни, ние ќе направиме мал чекор: Ќе ги вратиме позорникарите – полицајци, на улицата, во вашето маало.
Сакаме да направиме и други работи кои го подобруваат квалитетот на животот: Работното време да почнува од 7 часот, само 100 денари такса за остварување право пред судовите (сега се потребни 10.000 евра), поддршка на секој земјоделец кој произведува, а не на таканаречени концесионери – бандити кои ги експлоатираат вистинските земјоделци.
За две третини ќе ги намалиме паричните казни за физичките и правните лица.
Предвидуваме рез во судството и обвинителството. Даваме целосна поддршка на СЈО. Тие што ја спречуваат правдата ќе платат висока цена.
Македонија за мандатниот период од следните четири години ќе биде полноправен член во НАТО и ЕУ, без да го менуваме Уставното име.
Ние сме за Унитарна Македонија, во која слободно се живее и во која ќе владее правото и цивилизациските вредности.
На крај, сакам да нагласам дека ги знаеме проблемите во Драчево, невработеноста, лоша поврзаност со Скопје, проблеми со катастарот, канализацијата, ископаните улици и целосната негрижа од централната и општинската власт.
Овде од Драчево ветувам дека, Драчево ќе биде посебна општина, модерна и по мерка на граѓаните.
Благодарност до сите Вас што не поддржувате, знам дека не се плашите, режимот ќе падне.
Ве повикувам да гласате за кандидатите за пратеници, кои го носат бројот пет.
Од Коaлицијата за Промени и Правда многу работи ќе зависат. Ние ви гарантираме стабилност, промени и правда.
Режимот ќе падне, гласањето е тајно, ајде сите заедно да чекориме напред, рече Павле Трајанов, на митингот во Драчево, носител на листата за пратеници во првата изборна единица.
На митингот свое обраќање имаа и Драгана Букилица, Глигор Стоименов и Жаклина Савевска, кандидати за пратеници.
Жаклина Савевска како кандидат за пратеник ги повика своите сограѓани од своето Драчево да излезат и да гласаат за демократско и слободно општество и да го заокружат бројот 5.