Коалиција за Промени и правда: Изборната кампања ја започнуваме од Скопје

Од:

Под слоганот „Не се плашете режимот ќе падне“, Коалицијата за Промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, Изборната кампања ќе ја започне од Скопје.

Изборната Програма „Промени, Правда и Прогрес“, ќе ја презентираат лидерите и носителите на кандидатските листи за пратеници од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА:

• Павле Трајанов, носител на првата изборна единица и претседател на Демократски сојуз.
• Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица и претседател на Фродем.
• Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица.
• Слободан Богоевски, носител на четвртата изборна единица.
• Александар Делов, носител на петтата изборна единица.
• Бранко Мајсторовски, носител на шестата изборна единица.
• Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС.
• Горан Зафировски, претседател на МОРО-РП.

Кампањата започнува денеска, во хотел Континентал, Скопје,  со почеток во 17:00 часот, каде се очекува да присуствуваат над илјада членови и симпатизери од партиите од Коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија