Коалиција Вреди: Стравот на ОБСЕ за изборни нерегуларности во Македонија се вика Бујар Османи

Од:

Како што веќе јавноста е информирана, канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија, одлучи овој изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи. Напоменуваме дека за една земја членка на НАТО ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Северна Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век, велат од Коалиција Вреди.

„Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавањето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има дадено за ОБСЕ да ја оценува Северна Македонија како земја со кревка демократија? За жал, наместо тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач нa OБСЕ во минатата година. Ако оваа ситуација е за плачење, тогаш виновникот е токму Бујар Османи. Затоа што тој беше актерот кој директно влијаеше на овој пристап што ОБСЕ го има кон земјата.

Затоа, Бујар Османи е должен да објасни зошто е ваквата оценка на ОБСЕ, и, второ – исто така многу важно – врз основа на какви анализи и аргументи Бујар Османи во 2023 година оценил дека изборите во Северна Македонија можат да предизвикаат дестабилизација? Кој му ги дал овие информации и зошто тој не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега? Ова неминовно го наметнува прашањето дали ДУИ спрема терен за да предизвика постизборна политичка криза, за да може техничката влада на Талат Џафери да си го продолжи својот технички живот? Во меѓувреме, најбитното прашање е зошто толку многу се плаши од резултатот на изборите и прави се за да не го прифати поразот? Како и да е, 8 мај е блиску и се ова ќе се разјасни веднаш после објавувањето на изборниот резултат. Овој пат ВРЕДИ да чекаме“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

МВР се сомневало дека Груевски избегал со автомобилот на Ахмети, вели ВРЕДИ

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

„ВРЕДИ“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe – Блаце, но донесе само лаги

А1он

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа