Коалиција ВРЕДИ: Очајни потези на ДУИ

Од:

Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично.

Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично. Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни.

На самоназначените „ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ.

Ќе биде многу интересно да се гледа „големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници.

Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста, велат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„Сакам да работам“ до коалициите Вреди и Европски фронт: Дали заради вашата политичка пресметка треба без егзистенција да останат 10 илјади луѓе?

Катерина Ѓуровски

Биљал Касами ќе оди по нов градоначалнички мандат во Тетово

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ се пофали дека оваа влада направила повеќе за Албанците отколку ДУИ за цел еден мандат

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ до ДУИ: Го искоренуваме злото што вие го засадивте со казината

А1он