Коалиција „Маргини“: Полициската бруталност е најголем проблем за маргинализираните заедници

Од:

Полициската бруталност и дискриминацијата во здравствените установи се клучните проблеми на лицата од маргинализираните заедници, е заклучокот од годишниот извештај „Сексуални и здравствени права на маргинилизираните заедници“ на Коалицијата Маргини.

Андреј Сених од Коалицијата „Маргини“ посочи дека во текот на 2017 година се документирани 20 случаи на прекршување на правата на лица што употребуваат дроги, но се забележува поголема мотивираност кај нив да ги пријавуваат случаите на дискриминација и други повреди на правата кај Здруженијата на граѓани кои нудат бесплатна правна помош.

– Продолжува дискриминаторската практика на ЈЗУ Стоматолошка клиника кон луѓето што употребуваат дроги и кон луѓето што живеат со ХИВ, утврдена е дискриминираност од страна на ЈЗУ Здравствен дом Куманово поради неиздавање лекарско уверение за возачки испит на лице на метадонска терапија, дискриминација на лица што употребуваат дроги во работните односи благодарение на незаконско и тенденциозно пристапување на полицијата, забележа Сених, потенцирјаќи дека полициската бруталност, нечовечкото и деградирачко однесување постојано се забележуваат кај лицата кои употребуваат дроги.

Тој посочи дека не постои програма за лекување на деца што употребуваат дроги, како и дека продолжува практиката на кривично гонење на лица што поседуваат канабис за лична употреба.

Драгана Брндаревска наведе дека се документирани 21 случај во кој како жртва се јавуваат сексуални работници за насилство, закани, ограбување и силување на сексуални работници од страна на клиенти, насилство, физички напад, навреди, закани и ограбувања на сексуални работници од страна на трети лица, како и повреда на правата директно од страна на полициски службеници.

– Коалицијата Маргини повторно апелира до ОЈО и до МВР во најбрз можен рок да ги откријат и да ги изведат пред лицето на правдата сите сторители на кривични дела од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет со цел да се обесхрабрат хомофобичните насилници и да се охрабрат жртвите да пријавуваат насилство мотивирано од омраза.

Таа наведе дека во 2017 година се документирани 22 случаи на прекршување на правата на ЛГБТ заедницата.

Елизабета Божиновска од ХЕРА нагласи дека се документирани случаи на прекршување на здравствените права и дискриминација до пристапот на здравствените услуги кај луѓето со ХИВ.

Би можело да ве интересира

Коалиција Маргини: ЕК бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Коалиција „Маргини“: Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Коалиција Маргини: Образованието во земјава расад за дискриминација и вознемирување врз основа на род, сексуална ориентација и родов идентитет

Ана Ололовска

Царовска: Резултатите од студијата на Коалиција Маргини се доказ за итни промени на содржините во наставните материјали

Ана Ололовска

Маргини и ХОПС: Пресуда против Северна Македонија, ЕСЧП ги штити правата на луѓето кои употребуваат дроги

Ана Ололовска

Пресуда на Судот во Стразбур: Полицијата земала примерок од ДНК без судска наредба

Ана Ололовска