Книга на жалост во Унгарската амбасада за смртта на Ѓула Хорн

Од:

Во Амбасадата на Унгарија во Скопје од денеска до 27 јуни е отворена Книга на жалост за смртта на Ѓула Хорн, поранешен унгарски премиер и министер за надворешни работи, кој почина на 19 јуни на 81 година.

Ѓула Хорн беше премиер на Унгарија од 1994 до 1998, а шеф на унгарската дипломатија од 1989 до 1990 година, во периодот на уривање на железната завеса и транзицијата на Унгарија од комунизам во демократија.

Книгата на жалост денеска ќе биде отворена од 10 до 12 и од 14 до 16 чсот, а од утре до четврток од  10 до 12 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Унгарија се одржа првиот прајд во пост Орбан ерата

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Поранешниот премиер Груевски има профитабилна компанија во Унгарија

Горан Наумовски

Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022, тоа ја прави екстрадицијата речиси невозможна

Маѓар: Време е Унгарија да се врати во редовен правен режим

Именувана е новата унгарска влада