Кнауф дел од Розовиот октомври

Од:

Кнауф се приклучи кон глобалната кампања „Розовиот октомври“, посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. Во рамки на иницијативата, компанијата организираше едукативен настан и обезбеди ваучери за специјализиран преглед за сите жени вработени, во соработка со ПЗУ „Центар за дојка“.

Во тренинг центарот во просториите на Кнауф, предавање одржа д-р Маја Стојановиќ Чрчева од ПЗУ „Центар за дојка“, која зборуваше за важноста на раната дијагностика, самопрегледот и редовните контроли. Преку практични совети и разговор со присутните, таа го истакна значењето на навремената реакција и информираноста како најсигурен начин за зачувување на здравјето.

„Розовиот октомври е потсетник дека навремената реакција спасува животи. Преку оваа иницијатива сакаме да ја истакнеме важноста на превенцијата и да ја охрабриме секоја жена да одвои време за своето здравје. Кнауф постојано вложува во активности што имаат долгорочен ефект, било да се однесуваат на вработените, на заедницата или на животната средина. Тоа е дел од нашата култура и начинот на кој функционираме“, изјавија од компанијата.

Со реализација на вакви иницијативи, Кнауф ја потврдува својата посветеност на превенцијата и раната детекција како клучни фактори во заштитата на здравјето. Така, грижата за луѓето не останува само дел од корпоративните вредности, туку се претвора во реална практика што создава позитивни промени и долгорочен ефект.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

​Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го доби првиот македонски етимолошки речник од авторот Цветановски