Лизгање на земјиштето на патот Кичево – Крушино

Од:

Како резултат на водата што доаѓа од топењето на снегот синоќа се случи лизгање на патот кон Крушино, информира општина Кичево.

– Апелираме до граѓаните да не се искачуваат кон Крушино поради големата дупка што се појави на средината од главната улица. За настаната ситуација, известено е претпријатието Гранит кое ги изведува работите за изградба на автопатот, како и Агенцијата за патишта на Македонија, соопшти општина Кичево.

Водата која доаѓа од местото викано Крушино, излегува на магистралниот пат Кичево-Охрид и се акумулира во кружниот тек на булеварот.

Од Агенцијата за патишта на Македонија информираат дека ќе преземаат мерки за да се избегне акумулираната вода.

– Апелираме до возчите внимателно да ја поминуваат магистралата, односно местото каде се собираат атмосферските води, велат од службата за информирање на општина Кичево.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево