Клиниката за радиотерапија и онкологија функционира непречено во услови на коронавирусот, пациентите да ги почитуваат препораките за заштита

Од:

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на Ковид-19, поради специфичноста на малигните заболувања.

Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.

Совети за пациентите во услови на Ковид-19:

– Пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката.

– Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.

– Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.

– Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани.

– Да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви:

• Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10:00 до 12:00 часот на телефон 078/364-629
• Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12:00 до 17:00 часот на телефон 070/233-453
• Психолог Александра Стефановска од 15:00 до 18:00 часот на телефон 071/218-050
• Психолог Елена Ѓорѓевска од 17:00 до 20:00 часот, на телефон 078/494-973

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он

Гоговска Јакимовска за аферата „Онкологија“: Медицинските вештачења сметаме дека се апсолутно беспредметни

Обвинетата Мери Пешевска не дојде на судење, се одложи првото рочиште за аферата „Онкологија“

Горан Наумовски

Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија