Клингбеил: Шесте земји од Западен Балкан се многу важни за интеграцијата во ЕУ

Од:

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбеил е првиот претседател на социјалдемократската партија на Германија, кој доаѓа во официјална посета на Северна Македонија. Клингбеил, вчера учествуваше на панел дискусијата „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

На овој важен настан, свое учествува имаа и претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Димитар Ковачевски, потпретседателката на Демократската партија на Србија Драгана Ракиќ, лидерот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ, меѓународниот секретар на политичката партија Движење Самоопределување Хајрула Чеку, потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси.

Воведни излагања имаа потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелене Кортлаендер.

Во своето излагање, Клингбеил рече дека процесот на проширување е еден од одговорите на прашањето како Европа може да стане поголем геополитички актер. Тој потенцираше дека интересот на Германија и на целата Европска Унија е да ја прошири Европа, а шесте земји од Западен Балкан се многу важни за интеграцијата да биде комплетна.

Потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Радмила Шекеринска изјави дека ПЕС секогаш била за проширување на Европската унија, а женскиот глас и учество треба да бидат водечки во процесот.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски посочи дека Европската Унија е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан вклучително и за Северна Македонија.

Генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија, Бленди Клоси потенцираше дека сите левичарски партии од регионот се европски партии со добри идеи. Клоси истакна дека ги поддржуваат иницијативите како Отворен Балкан што креираат поголема слобода на движење и поблиска економска соработка.

Потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Лана Прлиќ рече дека социјалдемократите треба да се поддржуваат едни со други, да се поврзуваат и да соработуват поблиску во регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ