Климатските промени во фокусот на манифестацијата Ноќ на идеите

Од:

Францускиот институт вечер во 18 часот, во Европската куќа организира меѓународна манифестација насловена Ноќ на идеите во Скопје.

Станува збор за традиционален настан што се организира под покровителство на француското Министерство за надворешни работи и мрежата на француски институти ширум светот, а годинава главната тема се климатските промени и нивните последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот.

На дебатата ќе учествуваат гостинот од Франциј Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема „Пчелите, чувари на живиот свет“ и професорките од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Силвана Манасиевска Симиќ и д-р Татјана Миткова, кои ќе говорат на темите „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“, односно „Климатски промени – која е улогата на почвата?“.

Модератор на настанот ќе биде Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот