Клековски: Водата во Гостивар ќе биде безбедна за пиење по три последователни исправни анализи

Од:

Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење – истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски.

​- Се следат пробите, тие ќе продолжат и во текот на викендот. Значи, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Во моментот, штом три едноподруго проби ќе бидат соодветни за пиење, водоводот ќе биде ставен во употреба. Она што е важно е дека водата сега може да се употребува за други намени, а не за пиење и подготовка на свежа храна, така што тој дел барем е разјаснет. ​И тука нема, не можеме да шпекулираме. Треба три теста на кориснички места да бидат соодветни за да може АХВ да ја повлече забраната за употреба на водата за пиење – изјави Клековски на новинарско прашање по посетата на Клиничката болница во Штип.

Министерот за здравство, Клековски, истакна дека секој ден се прават анализи од најмалку девет кориснички места и, како што рече, „кога ќе биде, ќе соопштаат“.

– Значи, многу е неблагодарно да предвидам какви ќе бидат тестовите. Може да има еден тест, кој не е соодветен, и повторно треба три нови теста, три нови дена. Навистина е неблагодарно да предвидувам што и како ќе биде – изјави Клековски по посетата на Клиничката болница во Штип.

Би можело да ве интересира

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа, вели Клековски

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне во втората половина од месецов

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка