Клековски: Пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини.

– Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се доцнеше. Тендерот е отворен, очекуваме контрола од Бирото за јавни набавки и пред велигденските празици сите лекови да бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци, рече денеска Клековски, во одговор на новинарско прашање зошто од 12 март недостига дел од терапијата за онколошките пациенти.

Клековски учествуваше на панел-дискусија за зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги опфаќа матичните лекари од областа на општата медицина, гинекологијата и општата стоматологија.

Би можело да ве интересира

Експерти за ампутации од Словенија ќе ги прегледаат повредените од „Пулс“ кои имаат ампутации на прсти

Имаме капацитет за понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, вели Клековски

Горан Наумовски

Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО

Клековски: Се намалува бројот на критични пациенти, но нема опуштање зашто почнува ризикот од инфекции

Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се земе со рецепт во аптеките

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања