Ќучук: Враќање на довербата и зајакнување на соработката меѓу Софија и Скопје

Од:

Република Северна Македонија претставува пример во регионот за тоа како се имплементираат европски реформи, но и како се промовираат европските вредности, што беше нотирано и во Резолуцијата за земјава од страна на Европскиот парламент. Почеток на преговорите со ЕУ ќе значи евалуација на тоа признание како силен поттик за европските перспективи на целиот регион.

Ова на Фејсбук го пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата што со премиерот Зоран Заев ја имаа во Брисел со бугарскиот европратеник и известител за С. Макеоднија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Ќучук, пак, на ФБ објави дека на средбата со Заев и Османи било истакнато дека поврзаноста меѓу С Македонија и Бугарија е клучот за добрососедските односи.

– Потребна ни е: Агенда заснована врз иднината; Поврзување – инфраструктура, дигитална, образовна и културна; Враќање на довербата и зајакнување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, наведува Ќучук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски