Обвинетиот Горанче Ангеловски Ќосето, кој беше осуден на казна затвор од 12 години рече дека нема да бара да се брани од слобода, бидејќи во затворот во Шуто Оризари му е добро и оти нема пари да се врати за Велес.
„Супер ми е со другарчињата во Шутка и така немам пари да се вратам во Велес оти не сум крадел“, рече со смеење Ќосето и изјави дека „нема други прашања“.
Обвинетиот Јане Ченто претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“, за предлогот за определување притвор до правосилност на пресудата рече дека се двоумел дали да бара да се брани од слобода. Рече дека нема да бара да се брани од слобода.
„Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, историјата ќе не’ ослободи. Да живее Република Македонија“, рече Ченто.
Васко Маглешов