Ќе почне изградбата на водоснабдителен систем за велешкото село Отовица кај езерото Младост

Од:

Кај велешкoто село Отовица во непосредна близина на езерото Младост ќе се гради водоснабдителен систем кој ќе се поврзе со градската водоводна мрежа, со што ќе се замени постоечката во селото и ќе се згoлеми протокот на вода до домаќинствата. Проектот е вреден седум милиони и 14 илјади денари.

Цевководот деновиве ќе почне да се гради во близина на првата плажа на езерото Младост, сè до село Отовица, во должината од 2.580 метри со полиетиленски цевки со пресек 90 м.м.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а го спроведува Центарот за развој на Вардарски Плански Регион.

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и в.д раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот Плански Регион, Игор Андреев, денеска на терен ја најавија изградбата на системот за водоснабдување.

Изведувач на работите е скопската фирма „Дан-Са трејд“ ДОЕЛ Скопје, а рокот на градба е четири месеци.

Како што изјави за медиумите министерот Горан Милевски нивна заложба како Министерство е подобрување на условите на сите жители со водоснабдителни и канализациски системи.

-Со изградбата на современа и модерна комунална инфраструктура ќе се исполнат националните и меѓународните стандарди за подобрување на квалитетот на водите и заштита на животната средина во населено место Отовица, односно во општина Велес, рече Милевски.

Тој потенцира дека со овој проект ќе се подобри и туристичката понуда, бидејќи селото е во непосредна близина на рекреативниот центар Младост.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека проектот ќе овозможи постојно, квалитетно и континуирано водоснабдување на селото Отовица.

Тој најави дека со новото техничко решение се предвидува водоснабдувањето да се врши со приклучување на постојниот цевковод кој е наменет за водоснабдување на локалните места во близина на езерото, капацитетите околу езерото и населеното место Новачани.

В.д раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот Плански Регион, Игор Андреев, информира дека новиот систем за водоснабдување ќе придонесе и за заштита и одржување како на езерото Младост, така и на пошироката околина.

– Со тоа ќе бидат стимулирани условите за привлекување домашни и странски посетители не само во општина Велес, туку и во останатите општини од Вардарскиот Плански Регион, потенцира Андреев.

Инаку, на трасата ќе бидат изградени и следните придружни објекти: четири шахти за воздушен вентил, пет шахти за испусни вентили, шеесет бетонски анкерни блокови, една шахта за редуктор за притисок, два премини под асфалтен пат и еден премин под железничка пруга.

Воедно градоначалникот Коцевски најави дека паралелно со овој проект со средства од Министерството за животна средина средства од Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ќе се гради нова магистрална линија од Железен мост во Велес до населбата Весела Долина со што значително ќе се зголеми количеството на вода која ќе се дистрибуира од Градскиот водоводен систем кон село Отовица и кон објектите на езерото Младост и кон населбата Речани.

-Со ова ќе решиме еден значаен проблем кој не е само за жителите на Отовица туку ќе овозможи и развој на селскиот и транзитниот туризам заради местоположбата на селото Отовица и неговата атрактивност за нови градби, најави Коцевски.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски