Ќе ве казнам ако го навредите судот, му рече судијката на Ставре Џиков, адвокатот на Владо Јовановски

Од:

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот со крвавиот четврток, го опомена адвокатот на Владо Јовановски, Ставре Џиков, дека ќе го казни ако го навредува судот, додека тој го изнесуваше воведниот говор.

„Овие терористи пред нас се препознаени по 6 месеци”, рече Џиков. Адвокатот на актерот Јовановски додаде дека обвинетите се жртви на политички прогон.

„Обвинението не е конструирано во Обвинителството за организиран криминал и корупција, туку во други простории“, рече Џиков.

Судијката му рече да го изнесе воведниот говор, а не да говори за работи кои не се поврзани со обвинението.

Џиков рече дека ја знае судијката од првиот ден кога влегла во судот, а говореше за минатиот систем.

„За навреда на судот следува парична казна. Држете се до она што е предмет на обвинението, а не да говорите како било во минатото… Го знаете ЗКП. Ова е усна опомена, за после тоа знаете…”, му одговори судијката, по што Џиков рече дека се приклучува на она што претходно го изјавиле неговите колеги.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски