Ќе се згрижуваат бездомните и ранливите лица поради најавите за екстремно ниски температури

Од:

 Министерството за труд и социјална политика, зедно со центрите за социјална работа и општинските организации на Црвениот крст ќе ги идефнтификуваат сите бездомни и лица во ризик, и времено ќе ги сместува во двата прифатни центри во Момин Потик и Чичино село. Оние семејства кои имаат деца помали од три години ќе се сместуваат во „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“.

Доколку се јави потреба за сместување на лица надвор од Скопје, во соработка со МОН ќе бидат отворени училишните интернати низ градовите во Македонија, а ако некој има потреба за згрижување или пак некој граѓанин забележи лице на кое тоа му е потребно може да се пријави на бројот 195.

Ова се дел од мерките за чие спроведување се договориле на денешната средба претставници на МТСП, Црвениот крст и Центрите за социјална работа.

– По препораки на Управувачкиот комитет за кризи МТСП доби одредени задолженија и заедно со центрите за социјална работа договоривме чекори во насока на преземање мерки поради најавеното невреме и очекуваните ниски температури во Македонија. Министерството, Црвениот крст, локалните самоуправи и месните заедници ќе направат идентификувања на лицата во ризик, и иако има одредени информаци и бројки, тие ќе се проверат уште еднаш за да може на тие лица да им се помогне во период кога се очекува невремето, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по денешата средба.

Појасни дека лицата од Скопје ќе бидат згрижувани во Момин Поток и во Чичино Село, а семејствата кои имаат и деца до три години во интернатите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ во Скопје. Во соработка со Министерството за образование и наука, додаде, ќе бидат отворени интернатите во Македонија доколку има потреба за згрижување надвор од Скопје.

Сузана Тунева-Пауновска  од Црвениот крст на град Скопје информира дека тимот за одговор при катастрофи веќе е мобилен.

– Четири тимови работат 24 часа. Во секој тим има парамедик, социјален работник, и логистика. Се работи за обучени лица во природни непогоди. Залихите храна, хигиена, ќебиња, топла облека, напитоци со кои се располагаме се веќе дистрибуирани до локалните организации на Црвениот крст во регионите каде се очекуваат ниски темпратури, рече таа. 

Во делот на поддршката на бездомниците, додаде, на дневна основа сега има прифат на 8 до 10 лица.

– Се очекува бројот да биде зголемен кога температурите ќе бидат пониски, но ние во текот на цела година сме во контакт со нив зошто тука ги  има најмногу односно 148. Надвор од Скопје има мал број лица бидејќи меѓусоседската помош е развиена во регионите надвор од Скопје. Во урбаните средини има отуѓување и поголем број лица на кои им е потребна поддршка од Црвениот крст и институциите на системот, рече Тунева-Пауновска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски