Ќе се „збогува“ ли Кондарко со ДИК?

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во синоќешното интервју за ТВ „24 Вести“ најави можност претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко да си поднесе оставка.

За ова, рече, веќе е разговарано како можна варијанта, бидејќи Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список и сите одлуки во ДИК се носат со надгласување

„Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список“, изјави Заев.

Заев посочи дека на трите барања на Кодарко да добие одговор од МВР како тоа 80 лица од Пустец добиле лични карти на иста адреса, од надлежните органи нема никаков одговор.

Лидерот на СДСМ во интервјуто рече дека нема да учествуваат во избори како што беа последните локални и парламентарни избори.

„Треба изборно законодавство во кое сите ќе веруваат. И треба вистински пречистен избирачки список. СДСМ изгуби се со мартовскиот договор. Не истепаа. Но доби Македонија. Колку повеќе тонат толку се подрски“, изјави Заев.

 

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште