Општина Ѓорче Петров најави дека ќе изврши замена и поправка на оштетените делови на реквизитите во детските игралишта.
Се планира замена на седиштата од лулашките, а ќе се поправаат и останатите реквизити.
Општината информира дека вакви мерки се превземаат секоја година и оти најпрво ќе се интервенира во Реонскиот парк.
– За жал, во зимскиот период многу реквизити се оштетуваат, а некои ги кршат несовесни граѓани. Не е ретка глетката на детските лулашки да се лулаат и средношколци со кои и чуварската служба тешко излегува на крај и некогаш се повикуваат и полициските патроли на помош, се вели во соопштението.
Општината апелира да не се уништуваат реквизитите, а во училиштата се планираат едукативни часови за заштита и користење на игралиштата.
Од општината информираат дека планира изградба на уште неколку вакви игралишта во урбаните и руралните делови.