А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се зајакнува улогата на домашната визита во третман на деца со аутизам

by А1он12/11/2014 - 08:53100
Share0

Врвни експерти од областа на аутизмот од Лос Анџелес, кои изминататава недела престојуваа во Македонија и обучуваа лекари и психолози, со министерот за здравство Никола Тодоров разговараа за потребата од воведување програма за рано детектирање и третирање деца со аутизам, по примерот на американскиот модел на ваква програма, соопшти денеска Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

Целта е со имплементирање на програмата да се обезбеди третман за овие деца од најмалку 20 часа неделно, што, според ресорното Министерство, ќе претставува голем чекор во насока на унапредување на состојбата од најраната возраст на децата со аутизам, чиј третман моментално се сведува на неколку часа неделно.

Предвидено е зајакнување на улогата на домашната визита, која согласно моделот кој беше сугериран од врвните експерти од САД, ќе ја спроведуваат дефектолозите, и ќе биде фокусирана на посета на деца со аутизам, а за таа цел е предвидено спроведување интензивна обука за дефектолозите, информира Министерството за здарвство.

Тимот експерти од Лос Анџелес го сочинуваат 4 доктори и професори со повеќегодишно искуство во Центарот за истражување и третман на аутизам, во рамки на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) кој претставува еден од најпрестижните едукативни центри во светот. Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) во 2014 година е рангиран на деветтото место на најдобрите универзитети во областа на медицината, согласно Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Тимот на доктори од овој универзитет соработува и со престижната организација со седиште во САД, Autism speaks.

Експертскиот тим предводен од професор доктор Кони Касари, во изминатиот период континуирано ги обучува македонските доктори за примена на најсовремени методи за третман на деца со аутизам, преку изучување на програми кои се применуваат во повеќе земји во Европа и светот, меѓу кои: ABA, JASPER, SPACE и други. Дел од едукацијата тимот ја спроведува преку видео-конференциски врски, или таканаречениот метод на webinar. За време на престојот во Македонија, тимот целосно беше посветен на практичното спроведување на тие методи, соопшти Министерството за здарсвтво.

Обуките од врвните експерти од областа на аутизмот се спроведуваат во пресрет на формирањето на Центар за аутизам, како дел од проектите на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година. Согласно Програмата, предвидено е Центарот да биде формиран во 2017 година, со цел вршење рана дијагностика и третман на лица со аутизам од страна на специјално обучени доктори и психолози, со примена на мултидисциплинарен пристап.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен