Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Од:

Со сет мерки Владата во текот на 2025 година ќе го зголемува бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со новата програма што ќе започне од 1 јануари 2025 година и ќе трае до 31 декември 2027 година се планира на годишно ниво сума од 125 милиони денари или вкупно 375 милиони денари за поддршка на авиосообраќајот или за еден милион евра повеќе од досега планираното, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и додаде дека повикот за субвенциониран авиопревоз ќе биде објавен следната недела.

-На денешната седница на Владата донесовме неколку мерки кои треба сериозно да ја подобрат состојбата со воздушниот сообраќај. Сетот на мерки кои ќе ги преземеме во 2025 година траба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе од досега, а во годините што следуваат тој број и да се зголемува, рече Николоски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека земјава од лидер во регионот во воздушниот сообраќај пред 15-тина година, сега се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и на бројот на патници. Тоа, како што кажа, се должи на бројни фактори за кои треба да се наоѓаат решенија во следниот период.

-За таа цел се коригираат условите за авиокомпаниите кои би учествувале во авиосообраќајот. Тие би требало да имаат превезено најмалку пет милиони патници во текот на 2023 година и да имаат најмалку 10 милиони евра профит во 2023 година. Во новата програма се трга и барањето за задолжително оперирање на дестинацијата по истекот на периодот за поддршка за онолку време колку што била предвидена финансиска поддршка, што е главната причина зошто се намалуваше бројот на патници од охридскиот и од скопскиот аеродром. Покрај тоа, повеќе нема да се субвенционираат авиокомпании, туку дестинации што значи дека повикот ќе биде отворен за сите авиокомпании кои ги исполнуваат условите за секоја засебна дестинација, потенцира Николоски.

На овој начин, додаде, се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија, а токму тоа е причината за намалувањето на патници од скопскиот и охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава заради проблемот што го има „Визер“ со сопствените авиони што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава.

-За да се избегне во иднина зависност од само една авиокомпанија воведуваме субвенции по дестинации. Правиме уште една значајна промена. Досега се субвенционираше по патник на заминување од Македонија, а сега ќе се субвенционира на доаѓање зашто целта ни е во Македонија да носиме туристи и да им овозможуваме на полесен, побрз и поевтин начин да дојдат, рече Николоски.

Се зголемува, прецизира, поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра, а на охридскиот аеродром наместо 4,5 евра како досега ќе се доделуваат 12 евра по превезен патник.

-Новите дестинации може да бидат и надвор од Европската Унија. На овој начин очекуваме да привлечеме патници и туристи од Блискиот и од Далечниот исток и од други дестинации. Очекуваме поради тоа во следната година бројот на патници да се зголеми најмлаку за 200 илјади, посочи Николоски и додаде деека досега се субвенционираа летови само во рамките на аеродроми кои се наоѓаат во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина

А1он

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови