Ќе се скратува полицискиот час – ќе почнува од 19 часот, ќе завршува во 5 наутро

Од:

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донело предлог за скратување на полицискиот час, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Полицискиот час во текот на неделата ќе почнува од 19 часот и ќе трае до 5 часот изутрина. За време на викендот полицискиот час ќе почнува од 13 часот во сабота и ќе трае до 5 часот во понеделник.

На возрасните лица им се продолжува времето на движење, од 8 часот наутро до 12 часот на пладне, а на младите до 18 години, од 13 часот до 16 часот.

Останува забраната за групирање на граѓани во поголема група од пет лица, соопшти Филипче.

На сметка на ова, се воведува задолжителното носење маски во затворени простории (маркети, банки, здравствени установи, аптеки, сите затворени објекти каде има повеќе лица), како и на отворените места каде што не може да се одржи физичка дистанца од два метра, како на пример пазарите.

„Попрецизно, заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип како маркети продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи каде има повеќе лица. Во однос на отворените површини заштитната опрема мора задолжително да се носи на места каде нема простор за дистанца од два метри. Задолжително носење на заштитна опрема важи на пример за пазарите како најдобар пример за место од отворен тип. Исклучок за носење заштитна опрема на отворено се прави само ако лицето носи заштитна опрема на работа која е пропишана со работното место како погони, фабрики…, ако престојува во двор на семејна куќа, вози велосипед или спортува на отворено и ја држи потребната дистанца од два метри и не го прави тоа во групи согласно постојните рестрикции, при возење во патничко моторно возила со лица со кои лицето живее во заедница или домакинство или при движење на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од другото лице кое е во непосредна близина“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека компаниите во сите свои објекти, управни згради, подружници, експозитури ќе бидат задолжени да обезбедат носење заштитна опрема за лице за сите свои вработени и да забранат влез на лица односно посетители доколку истите немаат заштитна опрема за лице.

Под заштитна опрема, вели министерот за здравство, се подразбира каква било форма која ќе го покрива пределот на носот и устата како маска за еднократна или повеќе кратна употреба или марама или шал или слично што може да ја прекрие устата и носот во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.

Овие предлози треба да поминат на владина седница, која ќе се одржи утре, за да стапат во сила.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп