Ќе се санира свлечиштето на регионалниот правец до рудникот „Саса“

Од:

Свлечиштето на регионалниот патен правец до рудникот „Саса“ ќе се санира со заедничка соработка на Јавното претпријатие за државни патишта, Општината Македонска Каменица и руската компанија „Солвеј“, корисник на концесијата за експлоатација на рудата.

Ова синоќа го изјавија градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски и директорот на ЈП за државни патишта на Македонија, Владимир Мисајловски, по вчерашната обиколка на дел од регионалната и локалната патна мрежа во општината.

На работната средба покрај санацијата на свлечиштето се разгледани и неколку проекти од областа на патната и комуналната инфраструктура за кои општината Македонска Каменица, аплицирала за средства по програмата за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска