Ќе се реконструираат улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски на денешната прес-конференција го најавија почетокот на реконструкцијата на улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал.

На овие улици во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од 6 метри ќе се менува целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, а ќе се изврши и промена на тампонскиот слој на улиците.

На улицата ќе се задржи постојниот тротоар, но каде што има потреба ќе се направи нов тротоар од 1,5 метри, што значи широчината на улиците ќе биде вкупно 9 метри.

– Вкупната инвестиција за овој проект чини 26 милиони денари, по пола со Град Скопје. Сето тоа се очекува да заврши за 90 дена. Изградбата на овие улици значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со што ќе се подобри животот на нејзините жители, изјави градоначалникот Коневски.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски