Ќе се реконструира Мустафа Челеби џамијата во Струга

Од:

До крајот на годинава ќе се реконструира и санира Мустафа Челеби џамијата во Струга.

Како што најави директорката за Заводот и музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска интензивно се работи на проектите за реконструкција и санација на овој исламски верски објект којшто беше делумно срушен точно пред една година.

– Интензивно се работи на проектите за реконструкција и санација на џамијата. Оние делови коишто останаа ќе бидат санирани, останатиот дел којшто беше срушен, ќе биде реконструиран и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви проблеми, вели Паскали-Бунташеска.

Според неа, голем дел од објектите коишто порано биле прогласени за поединечни споменични добра, веќе не постојат.

– Голем дел од нив се срушиле и се изградиле нови објекти. Ние сме принудени голем дел од таквите објекти да ги бришиме и да донесуваме акти за престанок на заштита, затоа што веќе не постојат, вели таа.

Мустафа челеби џамијата е една од најстарите исламски верски објекти. Овој споменик на културата заштитен со закон, бесправно беше срушен на 31-ви мај минатата година од страна на претходното раководство на струшкото муфтиство.

Тогашниот муфтија Ферат Полиси, којшто беше сменет набрзо по ваквиот потег, изјави дека не се руши целата џамија туку само помошните простории кои не биле под заштита на охридскиот Завод и музеј. Постапката за целосно уривање беше сопрена по острите реакции на граѓаните и надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга