Ќе се отворат центри за ран детски развој во 9 нови општини

Од:

На денешната владина седница, министрите ја прифатија информацијата за текот и прогресот за отворање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија. Во периодот од 2014 до 2016 година се отворени 29 вакви центри во 15 општини. Од нив, 4 се јавни установи за деца – центри за ран детски развој, а 25 се во состав на установите за деца – детски градинки. Досега се опфатени вкупно 1345 деца. Дополнително, според повикот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во февруари 2017 година, девет нови општини во Република Македонија ќе бидат поддржани од УНИЦЕФ за отворање на центри за ран детски развој, односно: Радовиш, Струга, Кривогаштани, Виница, Гостивар, Охрид, Кочани, Тетово и Куманово.

Центрите за ран детски развој спроведуваат програма за ранo учење и развој на деца од предучилишна возраст од три до шест години, во локалните заедници каде што нема установи за предучилишно згрижување на деца, а пред се во руралните и маргинализираните средини.

На денешната седница, Владата ја прифати и предлог – програмата за дополнување на програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година. Дополнувањето на програмата предвидува набавка, испорака и монтажа на опрема за детска градинка во општината Карпош, како и за два објекти за детска градинка во општина Кавадарци.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски