Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Тетово

Од:

Околу 20 хаварисани возила оставени на јавни сообраќајни или зелени површини во Тетово ќе бидат отстранети следните денови во заедничката акција што ја почнаа денеска екипи на СВР Тетово и Општината.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. акцијата е во рамки на планираните подготовки пред почетокот на новата учебна година и континуираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност во сообраќајот.

Изминатиот период возилата најпрво беа лоцирани, по што беа залепени и известувања со рок од три дена за нивно отстранување.

– Доколку во наведениот рок хаварисаните возила не бидат отстранети од страна на нивните сопственици, полициски и општински екипи ќе постапат според веќе договореното, ќе ги подигнат и транспортираат, а сопствениците ќе треба да платат определен паричен надоместок, изјави Јосифовски.

Според него, слична акција за отстранување на хаварисани возила од јавни и зелени површини ќе биде преземена и во Гостивар. Зависно од состојбите и потребите ваквите активности е можно да продолжат во функција на вкупната сообраќајна безбедност на подрачјето.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски