А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се отстрануваат дивите тезги на Бит-пазар и Старата чаршија

by А1он27/03/2018 - 11:47216
Share0

Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци во Република Македонија преземаа обврска пред граѓаните да ги слободат улиците и тротоарите со цел нормалното одвивање на сообраќајот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во непосредна близина на Бит-пазар предвидено е поставување на нова такси станица, дрвореди, уредување на зелени површини и заштитни столпчиња за тротоарите од двете страни на булеварот.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

Тој додаде дека дополнително се планира и уредување и осветлување на пасажите на Старата скопска чаршија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– За таа цел предвидено е да се отстранат сите тезги кои се незаконски поставени на површините кои не се предвидени за таа намена во околината на Бит-пазар и Старата скопска чаршија. Ова се први со цел да се вратат купувачите во чаршијата и пазарот, да се овозможи полесна пристапност до тезгите и дуќаните. Воведувањето ред на ова место значи поголема безбедност и пофункционален град, рече Салиху.

Град Скопје, како што рече, има разбирање дека трговците кои работат на овие нелегално поставени тезги вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот. Затоа, во соработка со „Скопски пазар“ обезбедивме на овие луѓе да им бидат понудени на користење тезги во рамки на Бит-пазар под одредени поволни услови.

Салиху информираше дека за таа цел овие лица треба да склучат договор со „Скопски пазар“ АД Скопје, но претходно треба да се јават на телефонскиот број 02 311 880 најдоцна до 5 април годинава. Сите оние кои нема да го сторат тоа и ќе продолжат да продаваат на улица или на тротоар ќе бидат казнети согласно закон од страна на надлежните инспекции.

skopje

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:09

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски21/08/2026 - 12:2921/08/2026 - 14:57

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:3419/08/2026 - 14:40

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:58

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 20:20

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео