Ќе се множиме мотивирани од многудетни песни

Од:

Со пола милион евра, Владата ќе ги финансира создавање на 200 нови композиции годишно, од кои 150 од областа на забавната и народната музика, а 50 детски композиции. По 3.000 евра ќе се оддвојуваат од буџетот за 10 композиции во кои се опеваат семејните вредности или многудетни семејства, што на годишно ниво претставува 30 илјади евра.

Целокупниот проект ќе трае десет години и за него ќе се потрошат вкупно 5 милиони евра. ЈП Македонската радио – телевизија ќе врши финансирање на проектот за создавање нови композиции во категоријата „таленти“ – 10 композиции годишно, во категоријата „афирмиран изведувач“ кој има издадено албум или 10 синглови – 20 композиции годишно, додека за истакнатите изведувачи, кои позади себе имаат изададено 2 албуми или 20 синглови се предвидени 35 композиции годишно.

Во категорија „врвен изведувач“ односно изведувач кој има издадено два албуми или 20 синглови и има одржано солистички концерт – 37 композиции годишно, во категоријата „ѕвезди“ – 28 композиции годишно, во категоријата композиции со кои се афирмира историјата на Македонија – 10 композиции годишно и во категоријата „детски композиции“ – 50 композиции годишно.

Создавање на една композиција ќе чини 3.000 евра, од кои 1.500 за изработка на аудиозапис на композицијата, додека 1.500 евра за подготовка на видеозапис.

– Конкурсите на кои музичарите ќе може да аплицираат ќе бидат распишувани четири пати во текот на годината, бројот на избрани песни кои ќе бидат финансиски поддржани во рамките на еден квартален конкурс ќе зависи од квалитетот на музичките композиции со кои се аплицира, но на годишно ниво треба да се застапи бројката од 200 песни – изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

Во текот на месец октомври ЈП МРТВ ќе објави јавен повик за подготовка на листа, од која ќе се избираат членовите на Комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот за финансирање на композициите, и кој ќе трае 30 дена.

На овој јавен повик може да аплицираат автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации, значи лица од самата музичка индустрија. Од апликантите ќе биде составена листа од 50 лица од кои во втора фаза ќе се избере самата Комисија во понатамошните фази.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата