Ќе се минира повторно до костурницата Зебрењак крај Куманово, можно е да се урне, предупредија српските здруженија

Од:

Здружението за заштита и чување на српските споменици објави дека на 7 септември е закажано минирање на површински коп за експлоатација кој е многу близу до Спомен костурницата Зебрењак кај Куманово која е под заштита на државата и постои ризик целосно да се урне.

Минирањето во близина на Спомен костурницата кое благодарение на месната заедница на Тромеѓа беше забрането пред неколку години, денеска благодарение на директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција Блерим Укали и на инспекторатот Авдуш Јунузи, минирањето е овозможено и закажано за 7 септември 2023 година, посочија од Здружението.

Во дописот од Државниот инспекторат за техничка инспекција на кој е потпишан независниот рударски инспектор Авдуш Јунузи, се вели:

„Врз основа на вашето барање за одредување на степенот на влијание врз површинската експлоатација коп Зебрњак кај споменикот веќе ве известуваме дека е закажано сеизмичко мерење од минирањето на 07.09.2023 година, доколку сакате да присуствувате на самото мерење, ве молиме на вашите претставници наведете не повеќе од 3 лица кои ќе присуствуваат на самото мерење. Ве молиме испратете го вашето име и лице за контакт на оваа е-пошта или телефонски број 076-490-753 со цел да се договори за времето на минирање“, стои во дописот.

Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, како и Српскиот национален совет во Македонија, во кој членуваат 17 српски здруженија, најостро ја осудуваат ваквата одлука на инспекторатот.

Вчера испратиле пораки до Државен инспекторат за техничка инспекција, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Управата за заштита на културното наследство со надеж дека ќе ја укинат одлуката за минирање и ќе забранат какво било минирање во радиус од три километри од Спомен-костурницата Зебрањак.

„Го известуваме целото граѓанство, луѓето од месната заедница Тромеѓа, општините Куманово и Старо Нагоричане, членовите на Здружението за заштита и зачувување на српските споменици во Македонија, членовите на КИЦ СПОНА, членовите на Српскиот национален совет во Македонија и членовите на нивните здруженија заеднички да ја бранат и зачуваат Спомен-костурницата Зебрењак од минирање и оштетување. Државата и државните институции треба да донесат одлуки за реставрација на Спомен-костурницата Зебрењак како и на другите споменици на културата, нивна заштита и зачувување“, порачаа од Здружението за заштита на српските споменици во Македонија.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра