Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за утре закажа седница на која треба да усвои предлог-одлука за разрешување на Виолета Дума, член на Државната изборна комисија (ДИК).
Дума ќе биде разрешена од оваа функција бидејќи ги исполнува условите за заминување во пензија. Таа неодамна беше избрана на оваа функција на предлог на СДСМ.
Претседателот на Комисијата Зоран Илиовски појаснува дека за пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе биде распишен јавен оглас.
ДИК се очекува денеска попладне или утре да одржи седница на која што треба да биде избран генерален секретар на Комисијата. Според информациите од ДИК, на огласот којшто беше распишан се пријавиле 14 кандидати.