Ќе се инвестира во патната инфраструктура кон Струшките села

Од:

Инвестиции во локалната патна инфраструктура за меѓусебно поврзување на селата Џепин – Ливада – Делогожда – Ново Село, но и со регионалниот пат, реконструкција на улица во селото Велешта, како и изградба на тротоар од влезот на селото Враништа до село Таш Маруништа се приритет за изградба и реконструкција на локални патишта во општина Струга за 2013 година.

Паралелно со овој проект опфатено е и поврзување на селата Мороишта и Мислешево и нова патна инфраструктура меѓу дримколските села Безево и Јабланица.

За Никола Затуроски, член на Советот на општина Струга од коалицијата „Заедно за Струга“ неопходно е подобрување на локалната патна инфраструктура.

– Посебно е значајна изградбата на тротоарот на потегот од реката Шум низ селото Враништa, па се до влезот на Таш Маруништа, пред се поради безбедносни причини, рече Затуроски потсетувајќи дека на овој пат минатиот месец имаше две жртви.

Струшките советници на последната седница ја истакнаа и потребата од продолжувањето на интензивните инвестиции во патната инфраструктура во општина Струга, која, според нив, ќе значи придобивка и за граѓаните, но и за развојот на општината.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски