Ќе се гради нов православен храм посветен на „Пресвета Богородица“ во Куманово

Од:

Кумановско-осоговската епархија купи земјиште со површина од 1.902 метри квадратни во кумановската населба „Перо Чичо“ за изградба на нов православен храм. Од епархијата информираат дека црквата ќе биде посветена на светото Благовештение на Пресвета Богородица.

Отец Игор Здравковски од Кумановско–осоговската епрахија, информира дека иницијативата поттекнува од епрахијата и оти изградбата на храмот ќе започне на 7 април наредната година,кога ќе биде осветен камен темелникот.

– Во овој дел од градот нема црква, иако населбата е густо населена и постојано се развива.Земјишето е лоцирано во близина на поштата во оваа кумановска населба, рече свештеникот Здравковски.

Оваа е втора црква која ја гради новоформираната епархија,која функционира нешто повеќе од една година.Претходно, заврши изградбата на храмот на градските гробишта во Куманово,посветен на Воскресението Христово.Во мај оваа година беше осветен и камен темелникот за изградба на црквата „Свети Спас“ во кумановско Долно Којнаре.

Во текот на летото беа обновени повеќе цркви во градот, меѓу нив Свети Никола, Света Тројца во градот, Света Мина и Света Петка во Бедиње.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите