Ќе се гради дрвениот мост во Струга

Од:

Со донација од приватна фирма ќе се прави дрвениот мост на реката Црн Дрим во центарот на Струга, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села.

Мостот, појасни ќе биде како постоечкиот, кој беше срушен од безбедносни причини пред пет години. Надворешните страни, истакна Села, ќе бидат метални и ќе бидат исти со страните на Мостот на Поезијата и на Чаршискиот, по нивната реконструкција. Подготвителните активности на терен, најави дека ќе почнат наредната недела, а дрвените делови веќе шест месеци се изработувале во Австрија.

Струшкиот градоначалник истакна дека почната е постапка и за уредување на шеталиштето, односно западниот брег на реката Црн Дрим и на двата кеја.

– Ќе имаме добро уредено централно подрачје. Лани го уредивме шеталиштето покрај кејот од едната страна на Дрим, а сега ќе се прави на другата страна. Презмемаме мерки да го уредиме и пропаднатиот дел од коритото на реката Црн Дрим, иако тоа не е наша надлежнпст. Имаме одговорност пред граѓаните и многу ни е важно да не настрада некој, рече Села.

Донаторот Менди Ќура истакна дека мостот ќе биде поставен до крајот на ноември, за што ќе бидат инвестирани околу 150.000 евра.

– Ќе интервенираме со железо на бочните страни од мостот да се синхронизира со другите два моста лево и десно. Ќе ја вратиме убавината што беше одземена пред пет години, изјави Ќура.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски