Ќе се градат четири ски-патеки на Водно

Од:

На Водно треба да се гради нов туристичко скијачки комплекс, кој ќе содржи четири ски-патеки, три ски-лифта, подвижни теписи, административна зграда со ресторан, ски-рента и школа, гаража за ратрак и санки со сервис, прва помош, ски-патрола и друго. Ова треба да го изгради новиот концесионер за скијачкиот град на Водно за кој е предвидено е да се гради лево од Милениумскиот крст, од врвот кон Нерези.

Комплексот е предвидено да функционира како посебна понуда на градот Скопје и во зима и во лето.

„Тој ќе биде обележје за промовирање на Скопје, за подобрување на туристичката понуда и за создавање квалитетен простор за развој на рекреативниот и професионалниот спорт. Современо дизајниран модерен скијачки комплекс што ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид објекти и обезбедување соодветен квалитет на услуги во согласност со стандардите на ЕУ,“ стои во образложението на предлог-одлуката на Советот на Град Скопје.

Градот ќе почне постапка за доделување договор за јавно-приватно партнерство за изградба, управување, користење и одржување на ски-патеките на падините на Водно. Договорот со приватниот партнер ќе се склучи за период од 25 години.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски