Ќе се формира Управен комитет за зајакнување на изборните и политичките процеси

Од:

Во делот на прегледот на состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на „Управен комитет на Конзорциумот за зајакнување на изборните и политичките процеси и Владата на Република Македонија за поддршка на спроведување на клучни реформи“.

Во рамките на оваа информација, Владата ги задолжи ко-претседавачите на Управниот комитет, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и заменик претседателката на Владата и министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, да ја информираат Владата за напредокот во реализација на предвидените активности најмалку на квартално ниво.

Управниот комитет има за цел да обезбеди поддршка за Владата на РМ во идентификувањето и развивањето на приоритети за техничка помош за зајакнување и за спроведување на реформите со зајакнување на капацитетите во сферата на доброто владеење.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски